Мапи Google и апликации за споделување превоз и транспорт

Вашиот мобилен телефон може да ви помогне да знаете каде се наоѓате, да ве однесе онаму каде што сакате да одите и да ви помага кога се наоѓате на пат.

Дознајте како вашиот мобилен телефон може да ви ја покаже неговата локација со една функција наречена услуги за локација (location services) и како разни апликации може да ги користат за да ви помогнат да се снаоѓате.

Пред да почнете

Овој курс е за корисници на мобилни телефон и таблети кои веќе имаат SIM-картичка. За таблети што имаат само Wi-Fi и немаат мобилни податоци преку SIM-картичка, локацијата е само приближна и таблетот не може да ве одведе до некое одредиште како што тоа би го направил мобилниот телефон.

Како да се снаоѓате

Како вашиот мобилен телефон ја знае неговата локација

Една комбинација од хардвер и софтвер му овозможува на паметниот телефон да ја знае неговата локација:

  • може да ви ја покаже оваа локација на мапа и прецизна е до пет метри.
  • оваа функција е наречена Локација (Location) кај некои телефони или Услуги за локација (Location Services) кај други.

Зошто е безбедно да му кажете на вашиот паметен телефон каде се наоѓа

Безбедно е да ги користите услугите за локација на паметниот телефон бидејќи:

  • локацијата не ги вклучува вашето име или лични информации.
  • апликациите мора да побараат дозвола за пристап до вашата локација.
  • можете да ги исклучите услугите за локација (Location Services) во поставките на вашиот телефон, во Локација (Location).
  • вашиот телефон покажува икона на игличка на мапа (map pin icon) во горниот дел на екранот кога се приближувате до локацијата.
Ако не сакате други апликации на вашиот телефон да пристапуваат до вашата локација, можете да ги исклучите услугите за локација. Тие се наоѓаат во апликацијата Поставки (Settings app) на вашиот телефон. Исто така, можете да ја избришете апликацијата за да ја спречите да пристапува до вашата локација во заднина.

Како да ја користите Google Maps

Google Maps е популарна апликација што ви дава насоки и наоѓа локации низ целиот свет:

  • достапна е за уреди со Android и уреди Apple (Apple devices).
  • апликацијата Maps користи Пребарување на Google (Google Search) за да ви помогне да најдете нешта во близина.
  • ќе гледате сообраќајни предупредувања, настани или судири во реално време.
  • можете да добивате насоки за автомобил, пешачење, велосипедизам или јавен превоз.
  • да гледате алтернативни рути што можеби се малку подолги, но да избегнувате патарини или тешки патишта.
  • на Google Maps ѝ треба прием на мобилни податоци за да ве информира за рутата кога се наоѓате надвор.
  • можете да преземете офлајн насоки (Offline directions) додека се наоѓате дома, но нема да добивате сообраќајни предупредувања.

Постојат и некои други апликации што функционираат како Google Maps, меѓу другите:

  • Apple Maps (само за уреди Apple)
  • Waze
  • Here WeGo
  • Maps.me

Апликации за споделување превоз и такси

Можете да употребите апликација за да нарачате такси или да користите услуга за споделување превоз (rideshare service):

  • услугите за споделување превоз ги вклучуваат Uber, Didi, OLA и други.
  • приватни сопственици на автомобили земаат патници и ги носат до нивното одредиште.
  • превозот е претходно платен и можете да го оцените возачот со пет ѕвездички за да може услугата да остане на високо ниво.
  • апликациите за такси (Taxi apps) не се достапни за сите такси-компании.
  • ако некоја такси-компанија има апликација, би требало да можете да нарачате и да платите однапред за превозот.
  • исто така, можете да го изберете типот на автомобил, на пример патнички автомобил или автомобил приспособен за лица со посебни потреби.
  • кај апликациите за споделување превоз имајте го предвид зголемувањето на цените заради зголемена побарувачка. Во тој случај превозот станува поскап бидејќи побарувачката е висока, на пример, кога завршуваат спортски настани.
Услугите за споделување превоз имаат возачи со обични возачки дозволи и обични автомобили. Возачите мора да минат полициска проверка, но нема да имаат специјална акредитација што ја имаат возачите на такси, ниту пак нивните возила ќе имаат специјални таблички.

Апликации за возен ред и јавен транспорт

Апликациите за возен ред ви овозможуваат да ги планирате и користите услугите за јавен превоз полесно и попрактично:

  • тие апликации опфаќаат услуги со воз, трамвај (или лесен воз), автобус и ферибот.
  • можете да пребарате патување помеѓу станици, автобуски постојки, пристаништа за ферибот или комбинација од сите нив.
  • тие апликации се ажурираат автоматски кога се објавуваат нови возни редови.
  • исто така, ќе можете да видите ако некоја услуга се откажала или само доцни, и алтернативни начини да стигнете до вашето одредиште.
  • можете да зачувате офлајн возни редови на вашиот телефон за случаи кога немате прием на податоци.
  • некои апликации работаат со вашите патнички картички (на пример, Opal или Myki).
  • апликациите за патнички картички ви овозможуваат да управувате со салдата на картичката и ја покажуваат вкупната цена на патувањето.

Една од најпопуларните апликации за возен ред е TripView. Оваа апликација функционира во Сиднеј и Мелбурн. Други држави имаат сопствени апликации, како што се My Translink за Квинсленд и TransPerth за Западна Австралија.

Апликации за помош на пат

Наместо да повикувате помош на пат по телефон и да чекате во редица, сега можете да користите апликација:

  • резервирајте услуга преку апликацијата и следете кога ќе пристигне вашето услужно возило.
  • нема потреба да знаете која е попречна улица, бидејќи апликацијата ќе ја употреби локацијата на вашиот телефон.
  • пристапете до други услуги, како наоѓање бензински пумпи со најевтино гориво, купони за попуст за паркинг и друго.

Можете да пристапите до услуги за помош на пат со плаќање на членство, што обично е годишно. Ова чини помеѓу 100$ и 300$, во зависност од нивото на услуга. Некои осигурителни компании вклучуваат и помош на пат.

Апликации за сообраќај

Исто како и вашата апликации со мапи, можеби ќе сакате да користите една специјално наменета апликација за сообраќај за да бидете информирани за состојбата на сообраќајот:

  • добивајте поопшти информации за целиот град или регионот.
  • гледајте дали се случиле инциденти онаму каде што планирате да патувате.
  • дознајте за градежни работи на патиштата и друго.
  • можете да ѝ дадете дозвола на апликацијата да ви праќа известувања за нови инциденти или прекини на сообраќајот.

Повеќето држави имаат сопствени апликации за сообраќај, меѓу другите:

  • Нов Јужен Велс: LiveTraffic
  • Викторија: VicTraffic
  • Квинсленд: QLDTraffic
  • Јужна Австралија: Traffic SA
  • Тасманија: TrafficTAS